сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

Поранешниот директор на УДБА, Бабановски влета во „Република“ со закани до Србов: По изборите ќе заврши на Дрисла (ВИДЕО)

Иван Бабановски е поранешен прв човек на УДБА и еден од протагонисти во ланските насилни протести на Сорос/СДСМ во кои беа повредени десетици полицајци.

ivan-republika-640x330

Последни вести

„По изборите, на 12 декември кажете му на Никола Србов дека ќе заврши на Дрисла“. Со вакви отворени закани денеска во редакцијата на „Република“ влетал Иван Бабановски, кој дојде со придружник.

Иван Бабановски е поранешен прв човек на УДБА и еден од протагонисти во ланските насилни протести на Сорос/СДСМ во кои беа повредени десетици полицајци.

babanovski

Бабановски, инаку лустриран  како поранешен функционер на тајните служби, веројатно реагира на насловниот текст на неделникот Република, „Мрачни ликови за мрачни сценарија“, каде се анализира дека „Ударната тупаница на Зоран Заев во оваа кампања се старите кадри од Службата за државна безбедност и поранешни шефови на ДБК“.

ivan-babanovski

„Иван Бабановски, кој веќе две години активно учествува во создавањето на кризата во македонското општество, својата кариера како оперативец на УДБ ја почнува со обработка на илегални групи во СР Македонија, кои носеле предзнак ВМРО, па така, една од жртвите на Бабановски е Борислав Градишки, предводникот на организацијата „Бунт“. Доколку мислите дека обработка на илегални групи била „логична“ за тој период и дека преку неа се чувал интегритетот на Федерацијата, можеби ќе ве разубеди фактот дека во богатата кариера на Иван Бабановски како жртви ги наоѓаме и Анте Поповски и Гане Тодоровски, кои Бабановски ги обработувал преку „Славјан“ – Славко Јаневски. Бабановски бил активно вклучен и во обработката на македонскиот дисидент Драган Богдановски, кој ја предводел ДООМ, а подоцна се јавува како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ“, стои меѓу другото во анализата „Мрачни ликови за мрачни сценарија“ на колумнистот Никола Србов.

kol218-srvbov

Случајот е веќе пријавен во полиција.

Овој случај не е прв напад редакцијата на „Република“ и претставува директен атак врз слободното известување и работата на нашиот медиум.

Пред два месеци фоторепортерот на Република беше физички нападнат пред седиштето на СДСД додека ги извршуваше работните задачи.

Во текот на насилните протести на платеничката револуција, беше демолирано и седиштето на нашата редакција.

Овие три обиди да се замолчи „Република“ се случија за само шест месеци.

Најчитани вести