Поранешниот шеф на кампањата на Трамп осуден поради финансиски малверзации

Пол Манафорт, поранешен шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, осуден е во вторникот поради избегнување плаќање данок, банкарска измама и криење странски банкарски сметки, во осум точки од обвинението од вкупно 18-те.

Поротниците по речисо четири дена расправа го прогласија Пол Манафорт виновен за две од деветте точки од обвинението за банкарска измама, по сите пет обвиненија за даночна измама и за една од четирите точки ид обвинението поради криење странски банкарски сметки. По другите десет точки од обвинението поротата не успеала да постигне консензус.

Шеесет и деветгодишниот Манафорт е осуден за две најтешки банкарски измами, за коишто за секоја поединечно е предвидена казна затвор во траење до 30 години.

Обвинението го товареше Манафорт дека од американските даночни власти сокрил 16 милиони долари кои ги заработил како политички советник во Украина во 2014 година, за финансирање на својот раскошен стил на живеење, како и за мамење на банките а да осигури 20 милиони долари кредити, откако неговите украински приходи се стопиле и му била потребна готовина.

Адвокатот на Манафорт изјави по судењето дека неговиот клиент е разочаран од песудата и ги разгледува натамошните правни чекори.

Судијата му даде време на обвинителството до 29-ти август да одлучи дали повторно ќе оди со обвиненија против Манафорт по точките околу коишто поротата не донее одлука, па поради тоа и не одреди датум за изрекување на казните за другите обвиненија.

Судењето на Манафорт се засноваше на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводната улога на Русија во американските претседателски избори во 2016 година. Но оваа пресуда претставува само површна победа на Мјулер над претседартелот Трамп кого остро го критикува и го истражува дека наводно бил во дослух со Москва во текот на кампањата за претседателските избори.

Претседателот Доналд Трамп по пресудата за Манафорд изјави дека таа нема поврзаност со него.

„Се чувствувам многу лошо поради Пол Манафорт.,.. Нема никакви тајни договори со Русите, го продолжуваме ловот на вештерки“, рече Трамп ноќта кон средата.

Осудувањето на Манафорт по осумте точки се случи истиот ден кога и поранепниот личен адвокат на Трамп, мајкл Коен, ја призна вината и постигна спогодба со њујоршкото сојузно обвинителство околу обвинувањата за финансиски неправилности во текот на кампањата, банарска измама и неплаќање данок.