Поранешниот сопруг ја киднапирал, па ја претепал во црква

Во полициската станица-Тетово, А.Ј. (33)  пријавила дека на  14 август годинава во 23.30 часот, била киднапирана од нејзиниот поранешен сопруг А.С.(31) од Тетово.

Како што информираат од МВР, А.Ј. била пресретната од А.С. кој со употреба на физичка сила насилно ја внел во патничко возило „голф“ и се упатил во село Лешок, а потоа заминале во село Варвара, каде ја извадил од возило, ја внел во тамошната црква и физички ја нападнал удирајќи ја во пределот на главата и телото.

СВР Тетово го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против А.С. за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.