Поранешниот соработник на Клинтон доби имунитет за аферата со мејловите

Поранешниот соработник на Хилари Клинтон кој ја поставил контроверзната приватна имеил адреса што таа ја користела додека била државен секретар, доби имунитет во кривичната истрага за овој случај, објави „Вашингтон пост“, пренесува „Танјуг“.

Министерството за правда му даде имунитет на Брајан Палјан кој го поставил серверот во 2009-тата година и кој сега соработува со ФБИ, наведува американскиот весник повикувајќи се на неименуван полициски функционер.

Палјано кој работел за Клинтон и за време на претседателската кампања во 2008-мата година се повикал на поранешното уставно право за молк за овој случај меѓу останатото и пред одборот на американскиот Претседателски дом во септември.

Клинтон, која е фаворит за номинација кај Демократите на престојните претседателски избори во ноември, во вторникот постигна голем успех на внатрепартиските избори во 11 држави, понесувајчи победа во 7 држави и прозивајќи го својот главен ривал Берни Сандерс и покрај скандалот со мејловите што ја оптеретува нејзината кампања.

Кога минатата година се испостави дека таа користела приватен сервер и неофицијална адреса за мејловите додека била државен секретар, Републиканците ја обвинија за неправилности во работењето и сугерираа дека можеби таа прикривала нешто нелегално.

Сепак Клинтон тврдеше дека ниту еден од тие мејлови не бил доверлив и откако биле отстранети приватните мејлови таа доставила уште 52.000 страници до Стејт Департментот.

Стејт департментот постепено тие мејлови ги направи достапни за јавност, а последниот дел ќе биде објавен во понеделник. Скандалот со мејловите е еден од поголемите проблеми во кампањата на Клинтон.