Пораст на бројот на индустриски работници за 6,5 отсто

Бројот на лицата вработени во индустријата во јануари годинава пораснал за 6,5 отсто во однос на јануари минатата година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2014 година, во однос на јануари
2013 година, бележи опаѓање од 0.7 отсто во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2014 година, во однос
на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 отсто , Капитални производи за 66.5 отсто,  Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.0 отсто.