Пораст на бруто- потрошувачката на електрична енергија

Бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 746.545 мегават час, што во споредба со истиот месец од претходната година, претставува пораст од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29,5 отсто, додека бруто-домашното производство со 70,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември минатата година, во Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 21.459 мил.nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 64,6 отсто.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84 отсто, додека финалната потрошувачка со 15,5 отсто.