Пораст на цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во јануари оваа година, во споредба со декември минатата година, бележат пораст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување, како што стои во податоците, е забележано во групата храна за 0,2 отсто додека безалкохолните пијалоци пораснаа за 0,4 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,2 отсто