Пораст на дневните температури за продолжениот викенд, на планините снег

Времето денеска во Македонија променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег.

Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат на запад, а ќе дува и ветер. На некои места врнежите ќе преминуваат вечерва и во снег.

За време на продолжениот викенд ќе има пораст на дневните температури. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во сабота попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во западните делови.