Пораст на индустриско производство за 4,3 отсто

Индустриското производство во периодот јануари до август годинава во однос на истиот период лани е поголемо за 4,3%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во август годинава, во споредба со август 2013-та индустриското производство е поголемо за 1,3 %.

Индустриското производство во август годинава во однос на истиот месец лани во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 11,8 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2 %, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 46,6 %.

Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август претходната година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 46,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 %, додека опаѓање е евидентирано кај енергија за 42,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 %.