Македонија,Економија

Пораст на индустриското производство

Пораст на индустриското производство

Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани бележи раст од 2,2 отсто покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014
година, во однос на април 2013 година, бележи пораст од 0.4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19.9 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2014 година, во однос на периодот
јануари – април 2013 година, изнесува 103.1.