Пораст на прометот во индустријата во март

Зголемен бројот на вработени во индустријата
Зголемен бројот на вработени во индустријата

Прометот во индустријата во март е зголемен за 16,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст од 2,7 отсто е забележан кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,1 отсто.

Гледано по сектори, во Рударство и вадење на камен има пораст од 15,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 16,7 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст за 23,1 проценти има кај Интермедијарни производи, освен енергија, кај Капитални производи за 22,8 отсто и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 20,7 отсто, додека опаѓање се бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

Во споредба со февруари годинава, прометот во индустријата во март бележи пораст за 14,8 отсто, а за периодот јануари-март во однос на истиот период лани има зголемување за 11,1 отсто.