Македонија,Економија

Пораст на прометот во индустријата за 6,6 отсто во декември

Пораст на прометот во индустријата за 6,6 отсто во декември

Прометот во индустријата во декември минатата година, во споредба со истиот период во 2012-та година, бележи пораст од 6,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 14 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст од 23,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5,7 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,5 отсто, Капитални производи за 57 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,4 отсто.

Индексот на прометот во индустријата во декември 2013 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 95,9, додека во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на периодот јануари- декември 2012 година, изнесува 106,9.