Македонија,Економија

Пораст на прометот во индустријата за 8,6 отсто

Пораст на прометот во индустријата за 8,6 отсто

Прометот во индустријата во ноември лани, во споредба со истиот период претходната година, забележал пораст од 8,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември лани, во однос на ноември 2012 година,
бележи опаѓање од 14,8 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,4 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013
година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 10,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември минатата година, во однос на ноември 2012 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,8 отсто и Капитални производи за 36,7 отсто,
додека опаѓање бележи кај Енергија за 76,1 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,2 отсто и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за четири отсто.