четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Пораст на температурите од среда и четврток

Денес според информациите од УХМР нè очекува променливо облачно и многу студено време со сончеви периоди и со услови за провејување на снег.

sonce_zima

Последни вести

Висината на снежната покривка утринава во 8 часот изнесува: 7 Демир Капија, 8 Скопје Петровец, Скопје, 9 Струмица, 10 Прилеп, Виница, 11 Охрид, 14 Штип, 15 Битола, 19 Крива Паланка, 20 Ѓуриште, 22 Крушево, 26 Тетово 27 Берово, Дебар, 35 Тополчани, 45 Лазарополе, 52 Пожаране, 64 Маврово.

Преку ноќта времето беше променливо облачно, а утринава променливо облачно и студено само на југозапад претежно ведро. Дува слав умерен северен ветер кој во гевгелиско повремено се засилува.

Минималните температури изнесуваат -21 во Маврово, -20 Битола, Тетово, Лазарополе, -19 Крушево, -18 Дебар, Прилеп, -17 Пожаране, Куманово, -16 Крива Паланка, Берово, Ѓуриште, -15 Тополчани, Скопје Петровец, -14 Охрид, Виница, Претор, -12 Скопје, -11 Штип, -10 Демир Капија, Струмица, -8 Дојран, -7 Гевгелија.

Денес според информациите од УХМР нè очекува променливо облачно и многу студено време со сончеви периоди и со услови за провејување на снег. Ќе дува северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денес ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо обласно со услови за провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Од УХМР информираат дека уште утре ќе се задржи претежно променливо облачно и натаму студено време со услови за повремено провејување на слаб снех почест во вечерните часови.  Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата. Се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурите. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад, а ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

Најчитани вести