Пораз на Челзи, реми на Ливерпул

Пораз на шампиони Челзи на домашен терен, ремито на Ливерпул и победата на Евертон ги одбележаа саботните натпревари од првото коло на англиската Премиер лига.

Челзи сензационално е поразен на својот „Стенфорд Бриџ“ од Барнли со 2:3, а гостите водеа по првото полувреме дури со 3:0. Сѐ тргна надолу за тимот на Антонио Конре откако во 14 минута се чини дека престрого црен картон доби Кејхил, а Сем Вокс во 24 и 43 минута и Стивен Вард го искористија тоа уште до полувремето. Алваро Мората намали во 69 минута, а пота беше исклучен уште еден играч на лондонските „сини“, Сеск Фабрегас. Челзи се бореше и со двајца фудбалери помалку и успеа да намали преку Давид Луиз во 88 минута, но до бод не успеаја да дојде.

Ливерпул на домашен терен водеше со 3:2 сѐ до четири минути од судиското продолжување, кога од многу сомнителна ситуација изедначи Мигуел Баритос. Гостите поведоа во 8 минута преку Стефано Окака Чука по што изедначија домашните преку Садио Мане во 29-та, а Вотфорд на одмор замина со голот на Абдулај Дукур во 31 минута. Во вториот дел Ливерпул поведе во 55 минута од пенал преки Роберто Фиирмино, а по само две минути на 3:2 зголеми Мохамед Салах, но следеше погодокот на Баритос.

Вториот клуб од Ливерпул – Евертон, на стартот од сезоната со 1:0 го совлада Сток Сити, а единствениот гол го постигна повратникот Вејн Руни кој во првата минута од судското продолжение на првото полувреме го постигна својот прв гол на првенствен натпревар во своето второ деби за Евертон по 13 годни минати во Манчестер Јунајтед. Евертон не брилјираше а во завршницата ги спасуваше одличниот голман Пикфорд.

Новиот прволигаш Хадерсфилд имаше старт од сништа бидејќи со дури 3:0 победија на гости кај Кристал Палас. За Хадерсилд Таун стрелци беа Џоел Ворд во 23 минута (автогол), и Сив Муние во 26 и 78 минута.

Вест Бромвич Албион со голот на Ахмед Хегази во 31 минута го совлада Бурнмут, а Саутемптон и Свонси Сити играа без голови.