Пораз на македонските кошаркари во Талин, Естонија го освои првото место во групата

(Фото: gol.mk)

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство 2019.

Попладнево Македонија загуби на гостувањето во Талин од Естонија со 74:65 (16:18; 25:23; 13:14; 20:10). Со оваа победа Естонија го обезбеди првото место во групата.

За Македонија да се пласира на второто место во групата потребно е на дуелот од последното коло од групата во сабота во Приштина Естонија да го победи Косово.

Нашите кошаркари беа рамноправни во првите 30 минути и на крајот од третиот период водеа со 55:54. Но, слабата игра во нападот во последниот период на Естонија и донесе победа.

Џордан Теодор со 19 поени и Војдан Стојановски со 18 беа најефикасни кај Македонија, додека за Естонија Стен Сок постигна 15 поени.

Табела: Естонија 3-0 (победи-порази), Македонија 1-3, Косово 1-2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.