Спорт

АБА Лига Пораз на МЗТ кај Цедевита

Пораз на МЗТ кај Цедевита

Кошаркарите на хрватскиот претставник Цедевита во 10-то коло од регионалната АБА Лига во Загреб во саботата вечерта го совладаа македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром со 77:65 (24:8, 20:25, 18:22, 15:10).

Хрватскиот првак уште во првата четвртина создаде голема предност, меѓутоа скопските кошаркари пред крајот на втората четвртина успеаја да се приближат на само четири поени разлика (33:37). Потоа Цедевита повторно заигра поангажирано и првото полувреме го заврши со серија од 7:0, а на почетокот од третата делница повторни дојде до високи 16 кошови разлика (51:35).

МЗТ до крајот на третата четвртина намали на 55:;62, меѓутоа во последните десет минути немаше сила посериозно да се закани.

Младиот репрезентативец на БиХ, Џанан Муса кој во мечот влезе од клупата ја предводеше Цедевита со 18 кошови, додека најдобар кај МЗТ со ист број поени се истакна Никола Павличевиќ.

По десет кола, МЗР Скопје има катастрофален размер на победи и порази од 2-8 што го зацврстува на дното од табелата, додека Цедевите има скор 7.3.