Порази на Реал Мадрид и на Олимпијакос во кошаркарската Евролига

олимпијакос

Во Белград, Црвена Звезда на Реал Мадрид во ниту една четвртина не му дозволи да постигне повеќе од 20 поени и предводена од капитенот Марко Симоновиќ стигна до триумф. Во слична ситуација беше и Олимпијакос, кој на гостувањето кај бундеслигашот Бамберг во двоцифрена негатива беше во најголемиот дел од натпреварот.

Резултати на натпреварите од 14.коло одиграни синоќа: Галатасарај – Анадолу Ефес 76:86, Црвена Звезда – Реал Мадрид 82:70, Жалгирис – Уникс Казан 80:88 и Бамберг – Олимпијакос 82:68.

Вечерва се играат другите натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Фенребахче, Дарушафака – Макаби, Панатинаикос – Басконија и Барселона – Милано.

Табела: ЦСКА Москва 12-1 (победи – порази), Басконија 9-4, Реал Мадрид 9-5, Олимпијакос 9-5, Панатинаикос 8-5, Фенербахче 8-5, Дарушафака 7-6, Анадолу Ефес 7-7, Црвена Звезда 6-8, Макаби 5-8, Барселона 5-8, Бамберг 5-9, Жалгирис 5-9, Уникс 5-9, Милано 4-9, Галатасарај 4-10.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.