Поразите на ПСЖ и Лион го турнаа Монако на второто место

 

Во дуелите од претпоследното коло на францускиот фудбалски шампионат неочекуваниот домашен пораз на Пари Сен Жермен од Рен со 0:2, како и на Олимпик Лион кај Стразбур од 2:3, го доведоа Олимпик Марсеј на втората позиција на табелата.

Актуелниот француски шампион во Париз го доживеа само третиот пораз сезонава, а Рен со храбра игра со оваа победа се избори за настап во Европската лига. Монако на домашен терен со голот на Фабињо од пенал во последната минута го совлада Сен Етјен и скокна на второто место. Монако има 77 бодови, два повеќе од Лион кој загуби од Стразбур со 2:3 иако до 88 минута водеше со 2:1. Со овие три бода Стразбур најверојатно си обезбеди опстанок во Ле шампионат.

Лила со тешката победа на Дижон од 2:1, исто така, си обезбеди уште една сезона во најсилната француска лига.

Кане, пак настрана кај Ница со 1:4 и сѐ уште не го обезбеди опстанокот. Мец, веќе испадна а во тешка ситуација е и Троа, која одигра само 1:1 кај Монпелјле и се наоѓа на претпоследното место со 33 бодови. Бод повеќе има Тулуз кој загуби со 2:4 кај Бордо, а загрозен е и Каен со 37 бодови на 18 место.

Амиен со 2:0 го совлада дома Мец, а со истиот резултат на гости кај Анжер славеше и Нант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.