Сопственикот на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ вчера признал дека објавил лажни порно-снимки на новоизбраната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
Тој на насловнатa страница објавил снимки од американската порно-глумица Дајмонд Фокс, лажно тврдејќи дека е во прашање хрватската претседателка. Со тоа ги нарушил односите помеѓу Србија и Хрватска и сторил кривично дело, поради кое се очекува да реагираат надлежните.
– Тоа е голема грешка, моја грешка. Ја сум виновен, преземам одговорност и спремен сум на секаков вид осуда, казна. Некој на социјачните мрежи напиша дека треба да ме уапсат и да го забранат Информер. Стојам на располагање, спремен сум апсолутно на сите последици. Се покажа дека не сме доволно стручни за оваа работа, проверуваме два дена кој е на тие снимки, не успеавме да откриеме дека тоа е Дајмонд Фокс, некои други тоа го знаеја – вели Вучиќевиќ.
Според адвокатот Тома Фила во прашање е сериозно кривично дело.
– Повреда на угледот на странски државници е кривично дело. Секогаш се води сметка тоа да не се прави, особено ако се во прашање земји со кои е корисно да имаме добри односи- вели Фила за српски Курир.