Магазин

Науката предупредува Порнографијата на интернет го менува мозокот на младите

Порнографијата на интернет го менува мозокот на младите

Американскиот неврохирург Доналд Хилтон, кој учествува во Рим на меѓународниот интердисциплиниран конгрес за сексуалните опасности кои ги демнат децата, предупреди дека мозокот на младите коишто гледаат порнографија на интернет се менува и обликува на многу штетен начин.

Загриженоста ја споделува и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој во петокот во Ватикан прими 150 експерти и ги повика сите фактори на општеството да ја „разбудат совеста“.

Хилтон во интервјуто за агенцијата AFP предупредува дека мозочните клетки се менуваат со прифаќањето на новите сознанија, но учењето во состојба зависност за што и да е го обликува мозокот на многу штетен начин. Кога станува збор за порнографијата „тоа е ногу моќен процес на обележувања кои мозокот никогаш не ги заборава“, вели американскиот неврохирург.

Покрај тоа, порнографијата може да им наштети и на емоциите, предупредува Хилтон при што мажите може да дојдат до стадиум во кој прво вистинските жени се само лошо надоместување за порнографијата.

Постојат бројни истражувања коишто покажуваат дека порнографијата на интернетот може да создаде силна зависност.

Хилтон на крајот предупредува дека општеството не би смеело да ѝ дозволи на порнографската индустрија да го контролира сексуалното образование на децата и дека законодавците мора да сторат нешто во врска со тоа.