Македонија

Попладне повторно пороен дожд и грмежи

Попладне повторно пороен дожд и грмежи

Попладне повторно пороен дожд и грмежи. Според најавите на метеоролозите времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи се очекува во попладневните часови, а температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 35 степени, информира УХМР.

Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува за време на продолжениот викенд, но во попладневните часови се очекува да има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Поизразена нестабилност метеоролозите најавуваат од почетокот на следната недела, односно од понеделник и вторник.

Вчера пороен дожд и грмежи во дел од државата

Пороен дожд, грмежи и засилен ветар вчера попладне имаше на повеќе места во северните и источните делови од државата.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси имало на повисоките места и планините, особено во беровскиот регион каде до 17 часот  повремено  имало интензивни поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Исто така во овој регион регистрирана е и појава на град.

До 17 часот во Берово наврнале 93 литри на метар квадратен, во Прилеп 15, во Крива Паланка 7 и во Битола 1 литар на метар квадратен.

Со нестабилна и влажна воздушна маса, вчера попладне беше зафатена и Скопската котлина каде имаше зголемена облачност и дуваше повремено засилен ветер кој на моменти достигнува брзина до 55 км на час.

Дожд, грмежи и засилен ветер во дојранскиот регион

Невреме во Дојран
Невреме во Дојран

Нестабилноста се движеше од северозапад кон југ и југоисточните делови од земјава и ги зафати централните, а доцна попладнево  јужните и југоисточните делови  од земјава каде има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни се процесите во дојранскиот регион каде има интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, информира УХМР, пренесува УХМР.

 

На интернет се појави видео снимка од невремето во Дојран. Погледнете го на следниот линк.