Поројни дождови и лизгање на земјиштето во Мексико – најмалку 40 загинати

Најмалку 40 луѓе загинаа за време на викендот во одрони на тлото на истокот на Мексико, предизвикани од поројните дождови во тропската бура Ерл, објавија властите.

Повеќето од жртвите се во државите Пуебла и Веракруз, каде што цели ридови се урнале врз колибите на Мексиканци.

Спасувачи со кучиња трагачи го пребаруваат теренот, а бројот на исчезнати засега е непознат.

Се стравува дека врнежите ќе се повторат во наредните неколку дена. Американскиот Национален центар за урагани во неделата изјави дека е формирана нова тропска бура, Хавиер, која во вторник ќе донесе силни ветришта од 75 км/ч и поројни дождови во Мексико.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.