Поројните дождови предизвикаа проблеми во Пробиштип и Куманово

Поради постојаните а повремено и засилени врнежи од дожд на подрачјето на општината Пробиштип дојде до подигање на нивото на реките и водотеците како и поплавување на јамските простории на рудникот Злетово.

Покрај непрекинатото испумпување на водата од јамските простории од нивниот инсталиран систем на пумпи дотокот на вода е се поголем. Поради настанатата ситуација, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување за надминување на истата.

Од страна на стручни лица од подрачното одделение за заштита и спасување Пробиштип е излезено на лице место при што е согледана ситуацијата и е одлучено да се достави пумпа со голема моќност и со сите потребни елементи и опрема (моторна пумпа со соодветни приклучни елемети, одводни црева), како и стручен оператор кој ќе се ангажира од подрачното одделение на дирекцијата во Куманово.

Доколку има потреба, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување ќе биде ангажирана уште една таква пумпа. Подрачното одделение за заштита и спасување Пробиштип располага со одводни црева Ф-50 и Ф-75 како и моторни пумпи со мала моќност, кои доколку бидат потребни ќе бидат ставени во функција и во служба на граѓаните на општина Пробиштип и на цела територија на Република Македонија.

Поради постојните и силни врнежи од дожд има излевање на Липковска река во општина Липково кај селото Оризаре при што се поплавени околку 100 хектари земјоделска површина. Екипи на подрачното одделение на ДЗС Куманово се на терен и по согледување на ситуацијата ќе се одлучи какви мерки треба да се преземат за надминување на настанатата ситуација.

Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување на територија на Република Македонија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.