Порошенко: Ќе продолжат преговорите со Русија за ослободување на украински граѓани

Порошенко: Ќе продолжат преговорите со Русија за ослободување на украински граѓани
Порошенко: Ќе продолжат преговорите со Русија за ослободување на украински граѓани

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Киев ќе продолжи да преговара со Русија за ослободување на украинските граѓани, јави ТАСС.

Тој, на прес-конференција заедно со Генадиј Афанасиев и Јуриј Солошенко кои денеска се вратија во Украина, посочи дека украинските власти прават се што е во нивна моќ да да можат украинските граѓани, кои „се наоѓаат на окупирана територија, како и тие кои се наоѓаат на територија на Русија, сите да се вратат дома“.

Претставничката на хуманитарната подгрупа на Контакт групата за Украина, Ирина Гераштенко изјави дека Киев се надева дека ќе бидат ослободени уште 20 украински граѓани.