Македонија

Порошенко не ја исклучува можноста да објави воена состојба во Украина

Порошенко не ја исклучува можноста да објави воена состојба во Украина

По „рекордната ноќ според бројот на вооружени инциденти” во Украина, претседателот Петро Порошенко најави дека е можно да прогласи воена состојба, пишува „Комерсант”.

Порошенко „ќе биде принуден да објави воена состојба и мобилизация”, ако ситуацијата во источна Украина и Крим се заостри, ја цитира весникот вчерашната изјава на шефот на државата. Според него, ноќта спроти 18 август била рекордна по бројот на пукотници на границата помеѓу Украина и сепаратистичките про-руски „народни републики“, Доњецката и Луганската (ДНР и ЛНР).

Олександр Мотузјаник од кабинетот на Порошенко информираше дека завчера вечер загинале тројца украински војници, а шестмина се ранети, додава весникот.

– Украинските вооружени сили се подготвени за отпор на која и да било основа. Веројатноста конфликтот да ескалира останува голема. Воопшто не исклучуваме руска инвазија од која било страна. Подготвени сме – нашите вооружени сили, за отпор на непријателот – и на исток и кон административната граница со Крим, анектиран од Русија во 2014 – истакна украинскиот претседател.

Раководството на ДНР ги демантира  наводите за вооружени инциденти и соопшти дека ако Украина прогласи мобилизација, тие соодветно ќе одговорат, се вели понатаму во статијата.

„Претседателот на Украина вели дека Русија се подготвува да нападне во Украина. Нормално ли е ова?” – коментира московска „Росискаја газета” пренесувајќи ја реакцијата на руското Министерство за надворешни работи и „ реторичкото прашање” на портпаролката Марија Захарова.

– Всушност, ние и не сфаќаме за што говори г-н Порошенко и за каква општа инвазија станува збор. Впрочем, во принцип секогаш е тешко да се разбере за што тој говори. Тоа е – изјавила Захарова пред „РБК”.