Свет

Порошенко одобри воведување нови санкции кон Русија

Порошенко одобри воведување нови санкции кон Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша Указот за стапување во сила на Законот со кој Украина би можела да воведе нови економски санкции кон Русија, објави денеска украинскиот Парламент на својата интернет страница.

Како што јави агенцијата Укринформ, Законот, што Врховната рада го усвои на 24 декември, и овозможува на украинската Влада да воведе трговски санкции или други рестриктивни мерки, како одговор на дискриминаторски или непријателски акции преземени од страна други земји кон Украина.

Иако во Законот за странски економски активности тоа не е стрикно наведено, одредбите што тој ги припишува првенствено се наменети за Русија.

Законот, меѓу другото, и овозможува на украинската Влада да воведе забрана или ограничување на странски економски активности и да ги суспендира царинските привилегии и квоти за увозните стоки.