Порошенко: 9.000 руски војници се во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека 9.000 руски војници се присутни на територија на Украина и предупреди на опасност од „целосна инвазија“ на Русија долж заедничката граница.

Порошенко тоа го потенцираше во говор во Парламентот само еден ден откако украинските сили водеа најтешки борби во изминатите месеци со проруските сили на исток во државата.

– Армијата мора да биде подготвена како за обнова на непријателските офанзиви во Донбас така и за целосна инвазија долж целата граница со Русија, наведе Порошенко