Порошенко: Донбас ќе има специјален статус по локалните избори

Предлог-законот за измени во украинскиот закон за специјален политички и економски статус на „некои реони од Доњецката и Луганската област“, контролирани од проруските сепаратисти, предвидува „специјалниот поредок на локалното самоуправување“ да биде имплементирано само од локални органи избрани на предвремени избори, пренесува МИА.

– Донбас ќе има специјален статус само по одржување на локални избори, се наведува во текстот на документот поднесен во Врховната рада од претседателот Петро Порошенко.

Претходно, претставници на сепаратистите во заедничко соопштение побараа од Врховната рада да усвои одредба за специјален статус на регионот.

Договорите од Минск предвидуваат локални избори според украинското законодавство, но и специјален статус на некои реони од областите Доњецк и Луганск, како и реформи на Уставот и децентрализација на власта. Врховната рада требаше до 14 март да ги утврди реоните со специјален статус, но тоа се уште не е усвоено.

Следната пленарна седница на украинскиот Парламент е закажана за утре.