Свет

Порошенко го продолжи примирјето до понеделник

Порошенко го продолжи примирјето до понеделник

Претседателот на Украина, Петро Порошенко го продолжи примирјето со проруските сепаратисти на истокот на земјата за 72 часа, поточно до понеделник.

Еднонеделното примирје требаше да истече во петок во 22 часот по локално време.

Порошенко, оваа одлука ја донел по итната консултација со претставниците за одбраната на Украина, по своето доаѓање во Киев од самитот на ЕЅ во Брисел на кој беше потпишан трговскиот и политичкиот договор за придружување кон Унијата.

Силите на самодекларираните републики Доњецк и Луганск велиле дека ќе го прекинат огнот до 30 јуни. Тие исто така ветиле и дека во следните неколку дена ќе ги ослободат и заробените четири набљудувачи на ОБСЕ.