Порошенко и Бан разговараа за евентуално распоредување мировници во Донбас

Украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун разговараа за можноста за распоредување на мировници на ОН во Донбас.

Порошенко и Бан разговараа за имплементација на договорот од Минск и за меѓународните напори за враќање на мирот во Донбас, соопшти кабинетот на претседателот.

Бан ја поздрави одлуката на Порошенко во обезбедување на мировниот процес во Донбас и изрази загриженост поради нарушувањето на прекинот на огнот.

Порошенко изјави дека Украина ги прави сите напори за испраќање на хуманитарната помош до жителите на Донбас и за решавање на итните хуманитарни прашања во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Според него милитантите го блокирале хуманитарниот конвој со украинска и меѓународна помош.