Порошенко: Ќе бидат уништени одговорните за смртта на украинските војници

Ќе бидат „откриени и уништени“ проруските сепаратисти, кои се одговорни за истрелувањето ракета врз владините сили при што загинаа десетици војници, предупреси украинскиот претседател, Петро Порошенко.

– За животот на секој војник бунтовниците ќе платат со десетици и стотици животи. Ниту еден терорист нема да се спаси од одговорноста, секој ќе го добие заслуженото, изјави Порошенко по итната средба со шефовите на безбедносните служби.

Украински институции и медиуми денеска соопштија дека во реонот на Зеленополе во Луганската област загинале меѓу 19 и 50 војници, а околу 100 се повредени. Според украинското Министерство за одбрана бројот на загинатите војници изнесува 19, а 93 се повредени.