Порошенко: Ќе ја опремам војската и ќе се погрижам за проруските демонстранти

Милијардерот Петро Порошенко, кој според делумните избори на украинската Централна изборна комисија, победи на вчерашните петседателски избори во Украина, денеска изјави дека ќе ја задржи сегашната украинска влада и премиерот Арсениј Јацењук.

„Нема планови за промена на раководството на владата“ рекол Порошенко, додавајќи дека неговата прва посета во странство во својство на претседател ќе биде посетата на Полска, на 4-ти јуни на прославата на 25 годишнината од независноста на таа земја, пренесува АФП .

Порошенко како свој приоритет на домашната сцена го наведува одењето на „истокот од земјата“ со цел „да се стави крај на војната и хаосот“.

Тој истакнува дека украинците му дале мандат да го продолжи урсот на интегрирање со остакот од Европа, како и дека украинските парламентарни избори треба да бидат одржани оваа година.

Имајќи предвид дека Порошенко денеска во Киев изјавил дека нема да дозволи на проруските бунтовници на истокот од земјата да го претворат во „Сомалија“ и се заложил за продолжување на „антитероистичките“ операции .

„Оние кои одбиваат да го предаадат оржјето, се терористи, а ние не преговараме со терористи… Нивната цел е да го претворат Донбас во Сомалија… Никому нема да му дозволам тоа да го направи на територијата на нашата држава. Се надевам дека Русија ќе го поддржи мојот став“, рекол Порошенко на новинарска прес конференција.

Порошенко кој вчера во првиот круг на претседателките избори освои 54 отсто од гласовите, истакна дека го поддржува продолжувањето на воените операции на истокот од Украина, но дека бара „промена на форматот“. „Мора да бидат пократки и поефикасни“, додал тој.
„Единиците мораат да бидат опремени“ рекол Порошенко и ветил дека украинските војници ќе бидат подобро платени и подобро обезбедени. Со оглед на тоа дека претседателот исто така изјавил дека ќе го прифати „секој референдум“ на истокот на Украина штом биде воспоставен ред.

Порошенко рекол и дека неговата прва посета ќе биде во Полска, на покана на претседателот Бронијслав Коморовски.

„Вчера разговарав со претседателот Коморвски по телефон и тој ми ја потврди поканата за 25-годишнината од ослободувањата на Полска. Посетата веројатно ќе биде на 4-ти јуни“ додал тој.

Агенцијата Франс прес наведува дека на тој датум во Полска ќе биде и американскиот претседател Барак Обама.