Порошенко: Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме својата земја

Украинскиот претседател Петро Порошенко, порача дека денеска повторно ќе започне операција против проруските сепаратисти, објавено е на неговата Интернет страница, неколку часа по истекот на примирјето за прекин на огнот.

„Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме својата земја. Одлуката да не се продолжи примирјето е наш одговор на тероризмот, милитантите и бунтовниците“, порача Порошенко.

Едностраното примирје во Украина заврши синоќа, тоа за цел имаше да даде шанса на сепаратистите да се разоружаат и почнат мировни преговори.

Сепаратистите, сепак, не се разоружаа, не прифаќајќи ги барањата на Порошенко да ги предадат клучните гранични премини со Русија и да дозволат меѓународно следење на примирјето.