Порошенко: На Путин треба да му се суди во Хаг

Владимир Путин и неговите најблиски соработници би требало да бидат изведени пред лицето на меѓународната правда поради анексија на Крим, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Истакнувајќи дека Украина никогаш нема да се откаже од својот суверенитет над Крим, тој нагласи дека правата на луѓето во тој „анектиран “ регион се поразени под раководството на Кремељ, пренесе „Дејли меил“.

-Нема да речам дека тоа ќе оди бргу и лесно, истакна Порошенко и додаде дека ќе дојде време кога сите кои учествувале во злосторствата против Украина и човековите права на Крим, да бидат соочени со меѓународни судски процеси.