Порошенко најави референдум за членството во НАТО

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека граѓаните на референдум треба да одлучат за членство во НАТО, пренесува МИА.

– Мислам дека народот на Украина треба да одлучи дали ќе се приклучиме на НАТО или не, бидејќи тоа прашање е фундаментално важно како прашањето на одбраната и безбедноста, посочи Порошенко синоќа за време на неговата посета на Париз.

Тој додаде дека „народот има право да гласа за тоа прашање“.