Порошенко наредил поставување на хуманитарни коридори на истокот на Украина

Украинскиот претседател, Петро Порошенко нареди формирање хуманитарни коридори преку кои ќе им овозможи на цивилите напуштање на источните делови, каде борбите со проруските сепаратисти продолжуваат.

Во соопштението, Порошенко наведува дека целта е да се спречат нови жртви во критичните зони. Порошенко и нареди на Владата да обезбеди превоз, храна и медицниска помош за да може да го смести очекуваниот бран на интерно раселените.

Одлуката е објавена по средбата на Порошенко со високите соработници, вклучувајќи ги и министрите за внатрешни работи и одбрана на 9 јуни.

Од украинското министерство за надворешни работи информираат дека Москва и Киев постигнале меѓусебно разбирање околу клучните делови на планот кои ги предложил Порошенко за прекин на насилството на истокот од земјата.

Порошенко на 8 јуни изјави дека оваа недела мора да заврши борбата.