Порошенко не е против референдум за поголеми овластувања во Источна Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека нема да се спротистави на одржување на референдум со кој би им се дале поголеми овластувања на регионите во Источна Украина под контрола на проруските сили, што се смета за пресврт во ставот на официјален Киев, но проруските активисти го отфрлија неговиот гест како бесмислен, објави МИА.

– Подготвен сум да распишам референдум за прашањето за државната власт доколку вие одлучите дека тоа е потребно – истакна денеска Порошенко на состанокот на парламентарната комисија која работи на подготвување на амандмани на Уставот.

Порошенко потенцира дека и понатаму е против идејата за федерализација, за која се залага Русија, но оти е за децентрализација на власта во користи на регионите во Источна Украина. Тој исто така посочо и дека не ја поддржува идејата рускиот јазик да биде втор официјален јазик воо Украина.

-Украинскиот беше и ќе биде единствен државен јазик – наведе Порошенко.

Висок претставник на проруските сили Андреј Пургин истакна дека ниту еден од нив не бил повикан да присуствува во работата на уставната комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.