Порошенко: Од проектот „Новорусија“ се откажаа и неговите творци

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјавил дека проруските сепаратисти се уште го држат под контрола „времено окупираното“ подрачје на Донбас благодарение само на руското оружје, бидејќи како што вели од проектот за создавање се откажале и неговите творци.

– Дури и во времено окупираните региони на Доњецк и Луганск, сепаратистите се се уште на власт само благодарение на руските бајонети. Авторите и промотерите на „Новорусија“ го закопаа овој проект пред неколку недели, порача Порошенко во обраќањето пред членовите на украинската Врховна рада.

Како што јави Укринформ, Порошенко нагласи дека кога „непријателот започнал со агресија на Крим и Донбас“ во периодот февруари-март 2014, планирал за една година Украина да биде избришана од политичката карта на Европа.

– Кремљ се надеваше дека бацилите подготвени од руските специјални сили ќе предизвикаат ширење на сепаратизмот во сите источни и јужни (украински) региони, но таа идеја никаде не беше поддржана од мнозинството жители, дури ни во Донбас, рече Порошенко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.