Порошенко: Помошник на Путин ги организираше снајперските напади во Киев

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека, Владислав Сурков, еден од помошниците на рускиот шеф на државата Владимир Путин, раководел со организирање „група странски снајперисти“ кои извршија убиство на демонстранти на плоштадот Мајдан во Киев пред три години.

Тој објасни дека информацијата ја добил пред неколку дена од шефот на украинската државна безбедност.

Порошенко тоа го изјави на годишнината од демонстрациите на киевскиот плоштад, за време на средба со роднини на стотина луѓе кои за три дена беа убиени од снајперски оган додека протестираа против тогашниот украински претседател Виктор Јанукович.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.