Порошенко потпиша Закон за посебен статус на Донбас

Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша Закон за посебниот статус на Донбас, кој предвидува областа да го добие посебниот статус откако ќе се спроведат локалните избори по украинските закони и под контрола на набљудувачите од меѓународнте организации.

Наведени се 85 населени места, железнички станици, раскрсници и други пунктови, а списокот е направен врз основа на договорот од Минск од 19-ти септември 2014-та година, јавуваат Риа Новости.

Порошенко го потпиша Законот за внесување измени во Законот за Украина за посебниот статус на локалната самоуправа во одделни региони на областите Доњецк и Луганск.

Раководството на самопрогласената Луганска Народна Република смета дека тој документ е доказ дека Киев не е подготвен на дијалог.