Порошенко: Проруските бунтовници го повлекуваат тешкото оружје

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека проруските бунтовници во Источна Украина повлекле „значителен дел„ од своето тешко оружје, пренесе МИА.

Ова е прв пат,официјален Киев да потврди дека бунтовниците се придржуваат на одредбите од спогодбата во Минск,постигната минатиот месец меѓу Украина,Русија,Франција и Германија.

Пред три денови,Порошенко се уште ги обвинуваше дека бунтовниците не се придржуваат на спогодбата,иако тие тврдеа дека веќе повлекле наголем дел од своите тенкови и топови.
Според спогодбата од Минск,двете завојувани страни треба да го повлечат своето тешко вооружување од линијата на фронтот до почетокот на март.
Украинскиот претседател изјави дека и воените сили на Украина повлекле,како што рече „лавовски дел„ од своето најтешко оружје-ракетите и тешката артилерја.
Спогодбата предвидува,двете страни меѓу себе треба да создадат „тампон зона„ од најмалку 50 км. кога станува збор за тешките топови,70 км. за ракетите со срден дострел и 140 км.  за  најмоќното ракетно оружје.
Прекинот на огнот на фронтот се одржува и покрај повремените престрелки,за кои двете страни меѓусебно се обвинуваат.Станува збор за инцидентит што украинските сили и проруските бунтовници ги користат како покритие за повремените прегрупирања на нивните борбени единици на фронтот.

Посматрачите на ОБСЕ се наоѓаат на фронтот од 15 февруари,но Русија и Германија побараа нивниот број двојно да се зголеми за контрола на примирјето.