Порошенко: Проруските сепаратисти не го почитуваат примирјето

Проруските сепаратисти во источна Украина не го почитуваат договорениот прекин на огнот со укрианските сили, изјави претседателот на Украина, Петро Порошенко во интервју за утрешниот број на германскиот весник „Билд“.

– Украина го почитува договорот до последната точка. Нашите сили веднаш го прекинаа огнот, а руските сили го прават спротивното. Секој ден има истрели од руската страна, понекогаш и по 60 пати на ден. Примирјето е вкупно прекршено 1.100 пати. Вистината е дека примирјето не функционира, вели Порошенко.

Поради непочитувањето на примирјето од страна на проруските сепаратисти, според Порошенко, Западот треба да разгледа воведување дополнителни санкции кон Русија.

Интензитетот на нападите се намали по стапувањето во сила на последното примирје во источна Украина кон средината на февруари, но двете страни меѓусебно се обвинуваат за постојано прекршување на прекинот на огнот.

МИА