Свет

Порошенко: Ратификацијата на договорот со ЕУ ќе се случи на 16 септември

Порошенко: Ратификацијата на договорот со ЕУ ќе се случи на 16 септември

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска во парламентот дека во вторник на 16 септември ќе се ратификува договорот за придружување кон Европската унија кој е усвоен во јуни во Брисел.

Порошенко истакна дека ратификацијата на тој политички и економски договор претставува историски момент за неговата земја.

Украинскиот претседател изјави дека се надева дека својата земја ќе успее да добие „специјален статус“ во рамките на НАТО, за време на посетата на САД следната недела, за време на која ќе има важни состаноци во Конгресот и со американскиот претседател.

Поршенко во истото ветување изјави дека Крим кој во март се припои кон Русија, повторно ќе биде украински и дека нема потреба тоа да се оствари по воен пат.