Анализи

Порошенко сака да го врати Крим

Порошенко сака да го врати Крим

Неодaмна избраниот нов претседател на Украина Петар Порошенко во Варшава, каде што престојува на повик на полскиот претседател Бронјислав Коморoвски,  изјавил дека Крим повторно ќе биде украински, пишува српскиот весник „Политика“.

“Убеден сум дека ќе бидеме во состојба да покажеме дека Украина ќе развива демократија и ќе тргне по стапките на Европа. Крим ќе се стекне со слобода и повторно ќе биде украински, а Украина повторно ќе биде со Крим“ зборовите на Порошенко ги пренесоа светските агенции.

Меѓутоа,  она што Порошенко не го изговорил е: кога има намера, и во какви околности, да разговара со своите побунети „поданици“ на југоистокот на земјата каде што веќе со недели се води вистинска граѓанска војна, каде што секојдневно се гине и страда? Бидејќи ако навистина мисли дека може да воведе ред во сите делови на државата на чие чело стои, тогаш одговорите на клучните прашања не треба да ги бара во Брисел, Вашингтон, па ни во Москва, туку во Луганск, Доњецк, Славјанкс или на Крим.

Да подсетиме, кога се преброија резултатите од претседателските избори во Украина (25 мај) аналитичарите победата на Порошенко ја оценија како – „најмало зло“, отворено пактирање со НАТО, а против Русија. Украинскиот добитник на славата тогаш  можеше да се најде во големи проблеми, па дури и да биде алка во ланецот на отвореното настојување на поединечни кругови на Западот да се вратат во времето на „студената војна“. Со тоа што, во недостаток на идеолошки разлики на двете страни на нашата планета, таа нова „војна“ би требало всушност да послужи на највисоките глобални деловни кругови да стекнат дополнителна финансиска корист.

А Порошенко, е пред се деловен човек.

Со примената на воена сила, проследено со обилна помош на Нато силите, Порошенко можеби би успеал да воведе ред во побунетите југоисточни делови од неговата земја, но тогаш тој дел од Украина би го направил полициска држава која тешко долго би опстанала во денешните услови на глобална борба за човекви права. Тука се крие и слабоста на тактиката на украинскиот претседател. Имено, денес војните повеќе се водат преку медиумиската пропагнада отколку на линијата на оганот.

Телевизиските станици секојдневно во светото испраќаат снимки од Славјанкс и другите градови на југоистокот на Украина, а тие слики се многу вознемирувачки. Употребата на авијацијата и тешката артилерија на украинската армија против бунтовниците, колку и да е оправдувано со обвинувањата за вмешаноста на Русија во тамошните случувања, не може да биде со долг здив.

Порошенко, пред се , би требало да се позабави со западниот дел од земјата, политички да ги елиминира противниците, на таканаречениот Десен сектор, да се ослободи од товарот на антисемитизмот и неонацизмот кој ги следи овие и слични групации. Во тој контекст на делување тешко може да се смета на помош од страна на западот. Бидејќи, да потсетиме, САД отворено признаа дека на прозападните струи од Киев обилно им дотурале милиони долари, што во готовина, што во оружје, и дека дејствувале логистичи (преку својот амбасадор во Киев), дека судирите на улиците на украинската престолнина прераснуваат во вистинска војна против чуварите на редот, со голем број загинати и огромна материјална штета.

Шефот на руската држава Владимир Путин во очи на украинските претедателски избори рече дека ќе ја признае секоја воља на народот. Тоа во целата ситуавија влеа одредена доза на оптимизам. Меѓутоа, кога беше завршена изборната постапка и кога се испостави дека жителите на југоисточниот дел од земјата (20 отсто), поточно самопрогласените проруски републики Доњецк и Луганск воопшто и не гласаа, Путин ја повлече својата поддршка. Тоа предизвика бес, не само на Порошенко, туку и кај неговите западни спонзори и таканаречената антитерористичка операција во побунетите републики доби на жестокост. Сега на удар на авионските и топовските бомби се најдоа училишта, болници, државни установи и приватни домови.

Каде е „црвената линија“ до која граѓанската војна во Украина ќе оди без вистинско веоно ангажирање на Русија, тешко е да се каже.  Особено бидејќи западните лидери, а пред се американските  и британските, одлучно одбија да се сретнат со Путин во приликата на одбележувањето  на „Денот Д“. Истовремените повици на преговори, проследени со практично, одбивање на истите, тешко дека ќе внесе нови елементи во разрешување на украинската криза.

Објективно гледано, најголемиот товар сепак ќе треба да го понесе Петар Порошенко. Од неговата воља и способност на ист начин да комуницира со Брисел, Вашингтон, Москва, Доњецк и Луганс ќе зависат многу работи. Доколку го прифатиме веќе споменатиот став дека неговиот избор за претседател „најмало зло за Украина“, можеме само да замислиме што се би се случувало доколку наместо него за прв човек на поранешната советска република беше избран Дмитриј Јарош, лидерот на Десниот сектор, како што ноќта после гласањето брзоплето пренела руската телевизиска станица Канал-1, пишува весникот „Политика„ во својата анализа на актуелната ситуација во Украина.