Свет

Порошенко со мировен план за решавање на кризата во Украина

Порошенко со мировен план за решавање на кризата во Украина

Новиот украински претседател Петро Порошенко изјави дека во сабота ќе претстави мировен план за решавање на кризата меѓу Украина и Русија.

Порошенко се наоѓа во Полска, на првата посета во странство откако беше избран на 25 мај. Во Варшава тој се сретна со голем број шефови на држави, вклучително и претседателот на САД Барак Обама.

Утре Порошенко ќе учествува на церемониите во Норманија по повод 70-годишнината од сојузничкиот десант на 6 јуни 1944 година.

„На 7 јуни ќе го претставам мојот план за воспоставување ред и мир“, изјави Порошенко, во одговор на прашањето дали планира да воведе воена состојба во Источна Украина.

Планот предвидува децентрализација на власта, амнестија и создавање на услови за спроведување на предвремени локални избори.

Порошенко, исто така, не ја исклучи можноста да се сретне и со претседателот на Русија Владимир Путин во Норманија.