Порошенко: Украина нема да стане федерална држава

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја исклучи можноста за федерализација на Украина, јави ТАСС, пренесе МИА.

– Речиси 100 проценти од граѓаните сега се за единствена држава. И големо мнозинство Украинци ја гледаат како унитарна, а не федерална. За мене како претседател единството на земјата и на нацијата е исто вредно, како и за сите мои сограѓани, изјави Порошенко.

Порошенко нагласи дека е должен да ги земе предвид чувствата на малцинството во Украина, како и дека има принципиелни нешта, кои не може да бидат предмет на компромис.

– Прво, Украина нема да биде федерална и ќе остане унитарна држава. Второ, европскиот избор не е предмет на дискуција. Трето, единствен државен јазик е и ќе биде украинскиот, нагласи тој.

Прашањето за религијата и јазикот ја делеше земјата и претходно, но денеска Украина е единствена и подготвени сме да организираме референдум за сите прашања, за јазикот, структурата на земјата, за унитарниот статут, кој впрочем го поддржуваат сите, истакна Порошенко.

фото: telegraph.co.uk