Свет

Порошенко: Украинскиот јазик останува единствен државен јазик во Украина

Порошенко: Украинскиот јазик останува единствен државен јазик во Украина

Украинскиот јазик ќе остане единствен државен јазик во Украина, изјави денеска претседателот Петро Порошенко.

„Единствен државен, уставен јазик во Украина беше и останува да биде украинскиот јазик“, нагласи Порошенко на средба со претставници на локалната власт и на државната администрација.

Истовремено општините во Украина „ќе имаат целосно право покрај украинскиот да ги користат и другите јазици, меѓу кои и рускиот“ прецизира претседателот на Украина.