Порошенко: Влегувањето на рускиот конвој во Украина e грубо кршење на меѓународното право

Украинскиот претседател Петро Порошенко навлегувањето на рускиот конвој со хуманитарна помош во Украина го оцени како „грубо прекршување на меѓународното право“ и вети дека ќе направи сè што е можно за да се избегне ескалација на конфликтот.

Во соопштение, објавено на сајтот на претседателот, Порошенко подвлекува дека рускиот конвој од над 100 камиони навлегол на украинска територија „без царинска проверка, комплетирани документи за минување на границата и без придружба од соработници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст“.

Порошенко истото му го кажал и министерот за надворешни работои на Литванија, Линас Линкјавичус, дополнува ИТАР-ТАСС.

Порошенко на шефот на украинската дипломатија Павло Климкин и на началникот на својот кабинет, Борис Ложкин, им наредил да се поврзат со своите колеги од Кремљ за да им ја изразат загриженоста на Киев и да ги повикаат да „ ја вратат ситуацијата на теренот на меѓународното право“.