Свет

Поротниците се двоумат: Смртна казна или доживотен затвор за Царнаев

Поротниците се двоумат: Смртна казна или доживотен затвор за Царнаев

Животот на 21-годишниот Џохар царнаев, обвинет за бомбашкиот напад на маратонот во Бостон во моментов е во рацете на 12 – те поротници, пишува британски Телеграф.

Поротниците, врз основа на приложените докази што им беа предочени во изминатите неколку месеци треба да одлучат дали Џохар ќе живее или ќе добие смртна казна.

Ако се донесе одлука дека тој заслужува смртна казна за терористичкиот напад од 2013-та година, тогаш најверојатно казната ќе биде спроведена со смртоносна инекција. Но, ако само еден од поротниците се спротивстави на оваа одлука, тогаш Царнаев ќе го помине остатокот од неговиот живот во затвор со максимално обезбедување.